„The Solution“ од Куманово со нова песна го враќа вистинскиот рокенрол звук

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на објавувањето на нивната нова песна „Време“, разговаравме со членовите на кумановскиот бенд „Солушн“ кои низ искрени одговори ни открија повеќе за енергијата што ја носи ова ново музичко издание, инспирацијата зад него, процесот на создавање и пораката што сакаат да ја пренесат до публиката.

Loading...

 

 

Песната со освежен рокенрол звук, ќе биде промовирана на 13 јуни на „Мото рок фестивалот“ на Аџитепе, а групата е подготвена повторно да го разбуди интересот за македонската авторска рок сцена.

На оваа тема, разговаравме со фронтменот на бендот Филип Стојовски:

 

Loading...

 

КМ: Што можеш да ни откриеш за новата песна која ја најавувате – како звучи, за што зборува?

Филип: За новата песна „Време” можам да кажам дека носи многу поразлична енергија од првата наша песна „Ти и јас”. Самата песна звучи на старите рокенрол бендови, а текстот е класична љубовна приказна.

 

 

КМ: Кога точно ќе биде објавена и дали ќе има и видео спот веднаш со неа?

Филип: Песната планираме да ја пуштиме во етер на 13ти јуни на Мото рок фестивалот кој е во организација на мото клубот „Meчки”. Нормално дека песната ке излезе проследена со видео запис кој едвај чекаме да го пуштиме.

Loading...

 

 

КМ: Како се роди идејата за оваа песна – имаше ли конкретен момент или чувство што ве инспирираше?

Филип: Самата песна одамна ја напишав за време на проба додека спремавме репертоар за мото собири  уште додека бевме под името „Трио Зез”. Инспирација за да ја напишам музиката и аранжманот добив од самата енергија што ја имавме на пробите тој период. За текстот се заслужни сите членови на бендот во тогашниот состав на „Трио Зез”.

 

 

Loading...

КМ: Дали песната е најава за нешто поголемо, на пример нов албум?

Филип: Новата песна сама по себе е многу специфична и со неа всушност сакаме да покажеме дека рокенрол музиката не е згасната и дека има уште млади луѓе што ја негуваат таа музика. Со оваа песна ке се потрудиме да ги поттикнеме другите бендови да прават и да снимаат авторкса рокенрол музика и да ја објавуваат. За албум не би сакал ништо да кажам се уште.

 

 

КМ: Ќе слушнеме ли нешто ново во вашиот стил со ова издание – нешто што ќе ги изненади фановите?

Loading...

Филип: Дефинитивно дека публиката ке слушне нешто сосема ново, оваа песна е баш оној звук што го посакуваме и што одамна го нема на македонската музичка сцена. Се надеваме дека ке допре до секој слушач и ке им се допадне оваа нова енергија што ја носи самата песна.

 

 

КМ: Со кого соработувавте на оваа песна?

Loading...

Филип: Песнава беше снимена уште поодамна во студиото на нашиот драг и многу близок пријател Филип Стевановски кој за жал не е веќе меѓу нас. Тој не само што беше наш продуцент туку и не бодреше да продолжиме во нашиот стил со авторската музика. По немилиот настан во Кочани каде што настрада и нашиот Филип Стевановски направивме пауза и решивме да ја снимиме песната со новиот продуцент Иван Петровски од Скопје, кој ни ги отвори ширум вратите на своето студио и со задоволство ни помогна одново да на снимиме песната.

 

 

КМ: Што би им порачал на вашите фанови пред да ја слушнат новата песна за првпат?

Loading...

Филип: Би им порачал да слушаат и подржуваат Македонска авторска музика и дека новата песна ке биде големо освежување за сите.

Никола Ивановски