Телескопи во Австралија уловиле голем број необјасниви сигнали од други галаксии

Сподели со своите пријатели

Австралиски истражувачи неодамна објавиле вест дека големите телескопи во последно време, примиле голем број мистериозни сигнали кои доаѓаат од други галаксии.

Како што навеле, радио-телескопите скоро двојно го зголемиле бројот на познатите „брзи радио експлозии“, многу брзи радио бранови кои од длабоката вселена пронаоѓаат пат до Земјата.

МИСТЕРИОЗЕН РАДИО СИГНАЛ: Никој не знае од каде доаѓа, а се јавува секој ден (видео)

Loading...

Ваквите радио бранови претставуваат еден од најмистериозните феномени во универзумот. Тоа се експлозии на неверојатна енергија, еквивалентна на количина која Сонцето ја испуштило за 80 години. Тоа трае само момент и потекнува од мистериозен извор.

Во научните кругови можат да се слушнат приказни дека овие радио бранови ги емитуваат вонземјани, но и такви дека всушност се работи за звуци кои доаѓаат од црни дупки или од судири на ѕвезди.

Научниците сега имаат се повеќе примери за проучување, обидувајќи се да откријат од каде овие звуци всушност доаѓаат, пренесува Индепендент.

– Забележавме 20 брзи радио бранови оваа година, што е скоро двојно повеќе од бројот кој е забележан во светот од моментот кога прв пат се откриени во 2007. година, рекол др. Рајан Шенон од Технолошкиот универзитет Свинбурн.

ЦРНА ДУПКА ИЛИ ВОНЗЕМЈАНИ: Од каде доаѓаат мистериозните сигнали?

– Користејќи нова технологија – ASKAP докажавме дека овие радио бранови доаѓаат од другиот крај на универзумот, а не од нашите соседни галаксии.

Како што објаснил шенон, со откритието дека непознати радио бранови доаѓаат длабоко од вселената, научниците сега можат да ги искористат за да ги пронајдат сите недостасувачки материи кои се наоѓаат во просторот измеѓу галаксиите, шро навистина е возбудливо откритие.

До овие податоци, научниците дошле благодарение на користењето на нова опрема на телескопи, која им овозможиле подобар преглед на небото.

Ова се најстрашните звуци од вселената (аудио)

Leave a Reply