Телеграма на МВР најавува нови можни одмазнички акции во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дневниот весник Вечер во вчерашен натпис објави дека во Куманово по настаните на 9 и 10 мај, можни се нови одмазнички акции па и киднапирања на раководните лица во МВР.

Loading...

Според дневниот весник на ова предупредува инстуктивната телеграма испратена до раководните лица во полицијата, а оперативните сознанија за кои предупредува телеграмата велат дека терористички групи поврзани со кумановската подготвуваат акции за одмазда за полициската акција во Куманово и неутрализирање на една од најопасните групи во регионот.

Сознанијата на полицијата велат дека покрај одмазничките акции можни се и грабнувања со цел размена за терористите кои се во притвор. Инструктивната телеграма упатува на потребата од зголемување на мерките за безбедност на функционерите во полицијата.

Од МВР велат дека ја следат состојбата и ги превземаат сите мерки за превенција на какви било ризици и закани.

Последните сознанија од истрагата покажаа дека кумановската група била инволвирана и во службата во Гошинце и дека била исклучително опасна. Податоците добиени преку Интерпол покажале дека 21 од членовите на групата се барале за дури 104 различни кривични дела меѓу кои и убиства, киднапирања, насилство разбојништво.

Вооружената група уби осум припадници на македонските безбедносни сили а повредени беа 37.