Театар Куманово ќе учествува на Фестивалот на малите драмски форми кој традиционално се оддржува во градот Враца, Бугарија.
Тоа е Фестивал кој по 34 пат се организира и ние како Театар Куманово сме поканети да учествуваме со претставата Драма изгубена во времето од Сашко Насев во режија на Владлен Александров во која играат: Горан Илиќ и Кети Дончевска Илиќ, а како актерка во краткиот филм во претставата се појавува и актерката Александра Пешевска.
Сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите се на Кети Пауновска Стефковска, драматургијата на Симона Тоскиќ, а видео филмот е во режија на режисерот Никола Поповски.
Фестивалот ќе трае седум дена при што се селектирани четиринаесет претстави од Бугарија и соседните држави.
Претставата премиерно се изведе на сцената на Театар Куманово во 2020 година.