Таткото на девојчето кое се спротивстави на руската агресија избегал до домашен притвор

Сподели со своите пријатели

Алексеј Москаљов, татко на ќерката која поради антивоени цртежи заврши во дом за деца, избега од домашен притвор во текот на ноќта и засега не е позната неговата локација.

Loading...

Семејството рече дека биле под притисок од минатиот април, кога Маша одбила да учествува во патриотски училишни активности и кога нацртала руско знаме со зборовите „Не на војната“ и украинско знаме со зборовите „Слава на Украина“.

Нацртала и жена со дете кон која биле лансирани ракети.

Поради ова наставничката ја пријавила и била повикана полиција која го испрашала девојчето и му се заканувала на нејзиниот татко.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Почна следењето на неговата активност на социјалните мрежи, по што тој беше обвинет за дискредитација на руската армија поради објава во која рускиот режим го нарече „терорист“, а руската армија „силувачи“.

Тој во вторникот побегнал од својот дом во градот Јефремов во областа Тула во Русија, а локалната полиција започнала „потрага по осомничениот“.

Претходно истиот ден, неговиот адвокат Владимир Билиенко ја посети Маша, која му подари цртежи за нејзиниот татко на кои пишуваше: „Тато, ти си мојот херој“.

Според рускиот медиум МСК1, во домот за деца бил организиран вонреден состанок по бегството на Москаљов.

Loading...

Билиенко претходно изјави дека ако ниту еден член од семејството не се најде подготвен да се грижи за неа, Маша ќе биде испратена во сиропиталиште.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина