Тамара вечерва во евровизиското финале, шанси за најдобар пласман досега

Сподели со своите пријатели

По седум години пауза, Македонија вечерва повторно е дел од големото евровизиско финале. Тамара Тодевска со песната „Proud“ и својот тим ќе се бори за најдобриот пласман кој Македонија го имала досега.

Loading...

Настапува како осма од вкупно 26 земји. Ова е 64то издание на Изборот за песна на Евровизија, на кое домаќин е градот Тел Авив, Израел.

Прва настапува Малта, а Шпанија ќе го затвори изданието.

Ова е втор пат за Тамара на Евровизија, откако во 2008 гдина во Белград пееше со Врчак и Адријан Гаџа, но овој пат обложувалниците и даваат шанси за најголем успех кој Македонија го имала досега.

Според еминетниот сајт „Билборд“ Тамара е мѓу 12те земји кои имаат шанси вечерва да ја однесат победата.

Специјален гостин вечерва на големото финале ќе биде Мадона, која ќе испее две песни. Таа во Израел пристигна со тим од стотина луѓе, а се шпекулира дека за петминутен перформанс ќе заработи милион долари.

Проценките е дека вечерва големото финале ќе го следат 200 милиони гледачи низ целиот свет.

Leave a Reply