Талибанските власти ја забранија работата на телевизијата Би-Би-Си на паштунски јазик, објави TOLO News.
Loading...
Телевизијата наведува дека Би-Би-Си потврдила дека во Авганистан се забранети сите програми на таа телевизија на паштунски, фарси и узбекистански.
Откако администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден во август објави дека американската воена операција во Авганистан е завршена и дека започна повлекувањето на армијата, талибанците започнаа офанзива и ја презедоа власта во земјата.
Талибанците на 6 септември ја окупираа целата земја и објавија дека е формирана нова влада на Авганистан, која досега ниту една земја не ја признала, потсетува ТАС.