Тајван тврди дека кинеската војска ја преминала централната линија на теснецот

Сподели со своите пријатели

Тајванското Министерство за одбрана утринава соопшти дека неколку бродови и авиони на Народноослободителната војска на Кина повторно ја преминале централната линија на Тајванскиот теснец.

Loading...

Министерството оценува дека воените вежби на Кина се крајно провокативни „без разлика дали лансира балистички ракети или намерно ја преминува централната линија на теснецот“, пренесува Танјуг.

Тајванската армија, како што се додава, ќе ја зголеми борбената готовност, но нема да бара војна.

Таа, исто така, распореди бродови и авиони, како и ракетни системи за следење на ситуацијата, бидејќи Кина одржува неколкудневни воени вежби околу островот и по посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на Тајван.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.