Тајван крена авиони и испрати бродови откако кинески проектили го прелетаа островот

Сподели со своите пријатели

Менг Ксијангкинг, професор на кинескиот воен универзитет за национална одбрана, се појави на кинеската државна телевизија CCTV, пофалувајќи ја прецизноста на пукањето на кинеските сили.

Loading...

„Нашите вежби овојпат вклучуваа тестови за гаѓање во живо и тоа беше прв пат проектили да прелетаат над островот Тајван“, рече Ксијангкинг.

Тој додаде дека проектилите поминале низ воздушниот простор густо покриен со противракетниот систем Патрот, кој треба да биде клучна одбрана од кинеските борбени авиони.

Менг, исто така, рече дека овие вежби се најблиску до тајванскиот остров досега, дека за прв пат го обиколиле и дека е првпат да се постави полигон источно од Тајван.

Официјалната кинеска новинска агенција Ксинхуа објави дека војската „летала повеќе од 100 воени авиони, вклучувајќи ловци и бомбардери“ за време на вежбите, како и „над 10 уништувачи и фрегати“.

Тајван подигна авиони и испрати бродови

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека нивната војска подигнала авиони, испратила бродови и распоредила ракетни системи на копно за да ја надгледуваат ситуацијата откако кинеските авиони и бродови утринава повторно ја преминале средината на Тајванскиот теснец додека Кина спроведува големи воени вежби во зоните околу Тајван.

Тајванската војска ќе се подготви за борбена готовност, но нема да бара војна, додаде Министерството за одбрана.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...