Тајланд ги укина визите за граѓаните на Косово

Сподели со своите пријатели

Тајланд ги укина визите за граѓаните на Косово, објави во вторник косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала.

Таа на Фејсбук изјави дека ова „достигнување ја одразува нашата континуирана посветеност за проширување на меѓународните можности и зајакнување на дипломатските врски со земјите ширум светот“, пренесува РСЕ.

Одлуката за виза стапува на сила веднаш.

Во соопштението на МНР се наведува дека граѓаните на Косово ќе можат да престојуваат во Тајланд без виза до 60 дена во текот на годината, за туристички или деловни цели.

Премиерот Албин Курти како реакција на таа вест изјави дека пасошот на Косово е се појак.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цените на нафтата растат: Барелот надмина 110 долари

Досега граѓаните на Косово можеа да патуваат без визи во 50 земји во светот, а визите може да се добијат веднаш штом пристигнат во уште 39 земји.