Таа е како жив скелет кој умира од глад, но не по своја желба (видео)

Сподели со своите пријатели

Животот на моделот Лиса Браун (32) во целост се променил кога во 2013 година и била дијагностицирана тешка болест.

Loading...

Лиса Браун некогаш била модел, но подоцна се разболела од доста ретка болест која ја изгладнува до смрт. Таа има 32 години, а моментално е тешка едвај 40 килограми.

Болеста позната како СМАС синдром (Superior mesenteric artery syndrome) оваа жена ја спречува да јаде цврста храна. Откако ќе проба да изеде нешто по нормален пат, Лиса започнува да повраќа и трпи неверојатни болки.

Lisa-Braun-1-e1443012422412

СМАС и бил дијагностициран во 2013 година, а таа е една од 400 личности во светот која боледува од оваа пореметување. Меѓутоа, и покрај тоа што не постои лек, Лиса продолжува со борбата преку разни операции кои нејзиниот живот би го направиле полесен.

Таа секојдневно се храни само со течна храна, односно преку инфузија.