СЗО воведува мерки за штедење по повлекувањето на САД од организацијата

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) одлучи да ги „замрзне“ вработувањата и значително да ги намали патните трошоци како одговор на повлекувањето на САД од организацијата, која е нејзин најголем финансиски донатор, се вели во интерната порака до вработените.

Loading...

„Како што знаете, Соединетите Американски Држави најавија повлекување од СЗО. Жалиме за оваа одлука и се надеваме дека новата администрација ќе го преиспита својот став“, напиша генералниот директор на СЗО во пораката до вработените, пренесува „Политико“.

Тој нагласи дека одлуката на САД дополнително ја влоши финансиската состојба на организацијата и предизвика значителна загриженост и несигурност кај вработените.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп бара пониски цени на нафтата

Како одговор, СЗО воведува мерки за штедење кои вклучуваат „замрзнување на вработувањата, освен во најкритичните сектори“, како и „значително намалување на патните трошоци“.

Сите состаноци ќе се одржуваат преку видео врска, освен во исклучителни околности, додека мисии за техничка поддршка во земјите ќе бидат ограничени на најнеопходните.

Други мерки вклучуваат ограничување на замената на ИТ опремата, преговарање за ревизии на големи договори и суспендирање на реновирање на канцелариите и капитални инвестиции, освен ако не е неопходно од безбедносни причини или за да се заштедат трошоци, се вели во извештајот.

САД ќе ја напуштат Светската здравствена организација на 22 јануари 2026 година, објавија Обединетите нации, откако американскиот претседател Доналд Трамп официјално ги извести за одлуката, обвинувајќи ја агенцијата на ОН за лошо справување со пандемијата „Ковид-19“ и други меѓународни здравствени кризи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што имаат САД на Гренланд и зошто толку му е важен на Трамп?