СЗО доби ветувања од 700 милиони долари за буџетот

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) на состанокот во Берлин објави дека добила ветувања во вредност од 700 милиони долари за буџетот за 2025-2028 година, како дополнение на веќе 300 милиони долари што ги ветија Европската и Африканската унија.

Loading...

„Пандемијата КОВИД-19 покажа дека кога здравјето е загрозено, сè е загрозено“, рече директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесе Ројтерс.

Тој посочи дека затоа инвестициите во СЗО се инвестиции не само во заштита и унапредување на здравјето, туку и во поправедни, постабилни и побезбедни општества и економии.

Германија најави дека ќе обезбеди најмалку 360 милиони евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јужна Кореја истрела предупредувачки куршими кон Северот

Берлин и Вашингтон се најголемите донатори на СЗО, пренесува Танјуг.

„До неодамна, само неколку земји осигуруваа големи суми. Подобро би било одговорноста да се префрли на повеќе „рамења“. Секој придонес е важен, без разлика колку е мал“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

Членовите на СЗО се согласија пред две години да го ревидираат моделот на финансирање, кој беше опишан како „фундаментално лош“ поради преголемото потпирање на „каприците“ на донаторите.

Договорот значи дека задолжителните такси ќе се зголемат на 50 отсто за буџетот 2030-2031 година, од само 16 отсто во претходните години.

Loading...