Во изминатите седум дена со коронавирус во светот се заразиле повеќе од четири милиони лица, што е највисока бројка за една недела од почетокот на пандемијата, соопшти СЗО.
СЗО соопшти дека во последната недела со коронавирус се заразени точно 4.060.891 лица, и дека во истиот период умреле 67.221 пациент, пренесе Тасс.
Една недела претходно, потврдени беа 3.977.223 нови заболени лица и 59.699 смртни случаи.
СЗО, меѓутоа, верува дека податоците за претходната недела укажуваат на забавување на ширењето на пандемијата.
СЗО забележува дека тренд на опаѓање на бројот на нови инфекции е забележан во Европа и Југоисточна Азија, додека ширењето на вирусот е зголемено во Северна и Јужна Америка, со зголемување на бројот на смртни случаи од Ковид-19.
Во периодот од 16 до 22 ноември, најголемо зголемување на бројот на нови случаи е потврдено во Европа – околу 1,7 милиони, со над 32.600 смртни случаи. Северна и Јужна Америка регистрирале над 1,6 милиони нови случаи на Ковид-19 и речиси 22.000 смртни случаи за време на посочениот период. Во Југоисточна Азија, во изминатите седум дена се заразени 351.000 луѓе, а бројот на смртни случаи е зголемен за 4.700.
Сашко Димевски