СВР Куманово повикува на внимателно чествување на Илинден

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на престојниот празник „Илинден,“ кога се очекува излетничките места помасовно да бидат посетени од граѓаните, СВР Куманово упатува апел до граѓаните за внимателно чествување.

Loading...

Како што потенцираат од полицијата, посетителите особено да бидат внимателни со отпушоците од цигари, да се воздржат од палење оган на отворено, како и други активности кои можат да предизвикаат несакани пожари.

– Потсетуваме дека предизвикување на пожар претставува кривично дело кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена затворска казна до 8 години согласно член 227 од Кривичниот законик, зависно од видот на пожарот, причините за неговото настанување и другите околности и последици, велат од кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме

Од СВР Куманово апелираат максимално да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се почитуваат правилата за ограничување на брзината, да се прилагодува брзината согласно условите на патот и да не се управува моторно возило под дејство на алкохол.

Никола Ивановски