Велешанец со иницијали М.М. (25) од селото Сливник заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, информираат од Министерството за мигранти.
Имено, на 8-ми овој месец на патот Никуштак – Орланци било пронајдено товарно возило „Мерцедес“ со 33 мигранти од кои 15 од Иран, 16 од Ирак и двајца од Либија, кое било управувано од пријавениот.
Секторот за внатрешни работи Куманово против велешанецот поднесе соодветна кривична пријава.