СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А. (57) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Loading...
Пријавениот пред околу 15 години над неговиот стан лоциран на поткровјето на зграда на ул. Народна Револуција во Куманово, бесправно намонтирал метална конструкција, која на 20.09.2015 година како резултат на невремето во Куманово, се откорнала и паднала на улицата, оштетувајќи две патнички возила.