Супер лига: КК Куманово на тежок дуел со Работнички

Сподели со своите пријатели

Попладнево од 18:00 и 19:00 часот ќе се одиграат трите редовни натпревари од 4.коло во Суперлигата. Соколи гостуваат на МЗТ во Градското дерби од 18:00 часот, додека еден час подоцна ќе почнат и натпреварите Работнички – Куманово и Фени Индустри – Кожув.

Loading...

Од 19:00 часот во Градскиот парк во Скопје, Работнички ќе го пречека Куманово. Двете екипи забележаа важни победи на последните натпревари што ги играа викендов на домашен терен, но и покрај тоа што засега се на добра позиција на табелата, ќе бараат продолжување на победничките настапи за зачувување на местата кои водат во плејофот. Во составот на Работнички се враќа Дарко Соколов по суспензијата, а можно е враќање и на Ивица Димчевски кој поради повреда ги пропушти последните две средби. Комплетен се очекува да настапи и Куманово.

Во двата меѓусебни дуели сезонава во Првата Лига, двете екипи победија на натпреварите кои ги играа на домашен терен, но двата натпревари беа максимално интересни и до крај неизвесни. Неизвесност и голема борба се очекува и на денешната средба која директно ќе се пренесува на МРТ.

Leave a Reply