Судир на два мали авиони во САД: Двајца загинати (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Два мали авиони се судрија во Северна Калифорнија додека се обидуваа да слетаат на локалниот аеродром, при што загинаа најмалку две од трите лица во него, соопштија официјални лица.

Loading...

Авионите се урнале во четвртокот на локалниот аеродром во близина на градот Вотсонвил во американската сојузна држава Калифорнија, нешто пред 15 часот, се наведува во соопштението на градските власти на Твитер.

Аеродромот во сопственост на градот нема контролна кула за насочување на слетувањето и полетувањето на авионите, пренесува АП.

Во моментот на несреќата во двомоторниот Цесна 340 имало две лица, а во едномоторната Цесна 152 само пилотот, соопшти американската Федерална управа за авијација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД воведоа санкции за поединци поврзани со иранската Револуционерна гарда

 

 

 

Официјалните лица рекоа дека биле пријавени повеќе смртни случаи, но сè уште не е познато дали некој преживеал, според АП.

Loading...

Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат остатоци од мал авион во тревно поле покрај аеродромот.

Едно видео покажа облак чад видливо од улицата во близина на аеродромот.

Фотографија од градот Вотсонвил покажува оштетување на помал објект на аеродромот, а пожарникарите се на терен, наведува АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јамајка ја призна државата Палестина

Авионите биле на висина од околу 60 метри кога се урнале, изјавил очевидец за локалниот весник.

Како што изјавил, возел покрај аеродромот кога видел како двомоторниот авион силно се навалил надесно и удрил во крилото на помалото летало, кое „само спирално се спуштило надолу и се урнало“ во близина на работ на аеродромот и недалеку од куќите, пренесува АП.

Двомоторниот авион продолжил да лета, но со напор, рекол очевидецот, а потоа видел пламен од другата страна на аеродромот.

Двајца други пилоти исто така беа повредени во авионски несреќи на друго место во Калифорнија вчера, соопшти американската агенција.

Вотсонвил се наоѓа во близина на заливот Монтереј и е на околу 100 милји јужно од Сан Франциско.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила!