Судии биле нападнати на теренот на Башкими во Куманово на натпревар кој се играл во Втората фудбалска лига на Македонија.
– На 25.09.2024 во СВР Куманово било пријавено дека по завршување на фудбалски натпревар од втората фудбалска лига помеѓу екипите на Башкими и Беласица, на стадионот на Башкими, судиите биле попречувани да влезат во нивните службени соблекувални, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, по интервенција на полициските службеници, судиите влегле во соблекувалните, а откако го напуштиле стадионот забележале дека возилото „фиат браво“ со скопски регистерски таблички, сопственост на еден од судиите, било оштетено.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.
Никола Ивановски