Стрелков: Пригожин е ментално болен, воен злосторник

Сподели со своите пријатели

Поранешниот агент на ФСБ и десничарски националист Игор Гиркин (Стрелков) е еден од главните проруски сепаратисти во Украина.

Loading...

Од пред неколку месеци Стрелков е осуден за соборувањето на летот МХ17 во 2014 година.

Сега тој на својот канал на Телеграм објави дека Евгениј Пригожин е воен злосторник.

Тој повика Пригожин веднаш да биде отстранет од раководството на Вагнер и додаде дека Вагнер има мало влијание врз ситуацијата на бојното поле.

Најавите на Пригожин дека фронтот ќе пропадне без Вагнер се пример за „бесрамно криминално самопромовирање“, тврди Стрелков и додава дека верува оти видеото во кое ја повикува Москва поради недостиг на муниција е направено пред две недели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

Стрелков понатаму наведува дека влијанието на Вагнер врз настаните на бојното поле е всушност прилично мало.

Тој вели дека битката што ја водат за релативно мал град во Донбас, мислејќи на Бахмут, навистина не е толку важна воено.

Освен што не е одлучувачки за текот на војната, таа „доведува до огромни загуби на борци“, пишува Стрелков.

Loading...

Сето ова, додава Стрелков, ѝ дава време на Украина.

Во друга објава го допре Пригожин.

„И малку повеќе за Вагнер. Според мене, Вагнер, по завршувањето на нападот на Бахмут, не може да се повлече од фронтот или да се распушти“, вели тој и додава дека единицата треба да се реорганизира за да може поуспешно да се користи во иднина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Суспендиран рускиот свештеник кој одржа комеморација за Навални

„Сепак, Пригожин треба целосно да биде отстранет од главата на Вагнер“, додава тој.

Стрелков пишува дека политичките амбиции на Пригожин само му наштетиле на Вагнер.

Освен тоа, Стрелков пишува дека Пригожин е психички нестабилна личност и воен злосторник.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.