Страв од сериски убиец: Извлечени 16 тела од реки и езера во САД за година и пол

Сподели со своите пријатели

Шеснаесет безживотни тела се извлечени од реките и езерата во областа Чикаго од почетокот на 2022 година, а граѓаните се во страв од сериски убиец.

Loading...

Имено, посмртните останки на десет мажи и шест жени се извлечени од реката Чикаго и езерото Мичиген за година и половина.

Надлежните забележале неколку коинциденции, односно одредени обрасци при акумулацијата на телата.

Во последните шест месеци се пронајдени тела на пет мажи, пишува Њујорк пост.

„Има премногу случајности“, вели Трејси Волдер, која некогаш работела како агент на ЦИА и ФБИ.

Таа се сомнева дека можеби е активен сериски убиец.

Таа укажува на „случајни“ давења, тела извлечени далеку од местото каде што жртвите биле пријавени за исчезнати и кратки периоди во кои биле пронајдени повеќе жртви.

„Во ваков случај, насекаде има толку многу слични обрасци, што повеќе не може да биде само случајност“, истакна Валдер.

Loading...

Полицијата ги објави и имињата на извлечените од водите во областа Чикаго, а телото на последната жртва беше пронајдено пред десетина дена.

Полицијата во Чикаго одби да одговори на барањето за коментар за низата смртни случаи.