Страшна експлозија во пристаниште во Иран! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Страшна експлозија и пожар го погодија иранскиот пристанишен град Бандар Абас, објавија државните медиуми.

Loading...

Засега не е познато дали има жртви во експлозијата, која се чини дека се случила во пристаништето Раџаеи во тој град.

Видеата на социјалните мрежи покажаа огромен облак од црн чад.

Властите сè уште не ја соопштија причината за експлозијата.

Пристаништето Раџаеи главно опслужува контејнерски сообраќај, а има и резервоари за нафта и други петрохемиски постројки.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп изрази подготвеност лично да се сретне со иранскиот ајатолах Хамнеи