Столтенберг ќе ги посети Шведска и Финска

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе ги посети Шведска и Финска, кои поднесоа барање за членство во алијансата, јавува Анадолија.

Loading...

Во соопштението на НАТО се вели дека Столтенберг ќе се сретне со претседателот Саули Нинисто и министерот за надворешни работи Пеко Хаависто на 12 јуни во Финска.

Столтенберг ќе присуствува и на програмата „Култаранта разговори“ во Финска, каде ќе се разговара за надворешната политика и безбедноста.

Поднесено барање за членство во НАТО

Генералниот секретар на НАТО во понеделник ќе отпатува за Шведска на средба со премиерката Магдалена Андерсон и членовите на владата.

Финска и Шведска поднесоа официјална апликација за членство во НАТО на 18 мај.