Столтенберг: Да се утврдат сите факти за експлозијата во Полска

Сподели со своите пријатели

По разговорот со полскиот претседател Анджеј Дуда за експлозијата во Полска, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека „важно е да се утврдат сите факти“.

Loading...

– Изразив сочувство за загубата на човечки живот. НАТО ја следи ситуацијата и сојузниците се консултираат. Важно е да се утврдат сите факти – порача Столтенберг на Твитер, пренесува Си-Ен-Ен.

Полските власти објавија дека две лица загинале во експлозија во областа Хрубешов во источна Полска, но без да потврдат дека се работи за руски проектил.

Русија негираше вмешаност, а нејзиното Министерство за одбрана објави дека „немало удари врз цели во близина на украинско-полската државна граница“.