Стејт департмент: Неоправдани кинески воени маневри околу Тајван

Сподели со своите пријатели

Американските власти денеска ги осудија кинеските воени вежби околу Тајван, кои ги сметаат за „неоправдани“ и ризик од ескалација на ситуацијата.

Loading...

„САД се сериозно загрижени за воените вежби на (кинеската) Народноослободителна армија во Тајванскиот теснец и околу Тајван. Одговорот на (кинеската војска) со воени провокации на вообичаениот годишен говор (на тајванскиот претседател Лаи Чинг-тео) е неоправдан и носи ризик од ескалација“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Кина денеска започна воени маневри со авиони и бродови околу Тајван, кој соопшти дека распоредила „соодветни сили“ како одговор.

Вежбите наречени „Joint Sword-2024B“ (Заеднички меч) имаат за цел „да ги тестираат заедничките оперативни способности“ на силите, соопшти утринава кинеското Министерство за одбрана.

Поради тие вежби, тајванскиот претседател денеска свика состанок за национална безбедност, островот е во состојба на готовност.

Кина го смета Тајван за дел од својата територија која еден ден повторно ќе се обедини и никогаш не се откажала од употреба на воена сила за да ја врати контролата.