Старо Нагоричане има 27 отсто помалку население за 20 години

Сподели со своите пријатели

Општината Старо Нагоричане бележи 27 отсто помалку население во споредба со пописот пред 20 години.

Loading...

Според минатогодишното пребројување, во оваа рурална општина живеат вкупно 3.501 жител, додека бројката во 2002 година изнесувала 4.840.

 

Куманово најголема општина, но бројот на жители под 100.000

 

Во оваа рурална средина има повеќе мажи или вкупно 1.902, додека има 303 жени помалку или вкупно 1.599.

Според етничката припадност во оваа општина има вкупно 2.513 Македонци, 585 Срби, 13 Албанци, тројца Роми и петмина припадници на други заедници.

 

Loading...

Повеќе жени од мажи живеат во Куманово

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква е излезноста во Старо Нагоричане до 15 часот?

Во проценти, 71,78 отсто се Македонци, 17,77 отсто се Срби, 0,37 се Албанци, 0,09 се Роми и 0,26 отсто се припадници на другите етнички групи.

Никола Ивановски