Куманово најголема општина, но бројот на жители под 100.000

Сподели со своите пријатели

Куманово останува најголема општина во Македонија покажуваат податоците на Државниот завод за статистика по спроведениот попис на населението, домаќинствата и становите.

Loading...

Сепак Куманово има 98.104 жители, што е далеку помалку во споредба со пописот од 2002 година кога броело 105.484 жители.

На подрачјето на Куманово има 30.450 домаќинства и 38.147 станови.

Според етничката структура во Куманово живеат 54.741 Македонци, 25.493 Албанци, 143 Турци и 2.795 Роми, 117 Власи, 6.392 Срби, 38 Бошњаци и 700 припадници на други националности.

Во проценти, Куманово има 55,8 отсто Македонци, 25,99 отсто Албанци, 0,15 отсто Турци, 2,85 отсто Срби, 0,12 отсто Власи, 6,52 отсто Срби, 0,04 отсто Бошњаци и 0,71 отсто припадници на други етнички заедници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВИКЕНД ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Ќе има ли дожд?

Вкупното резидентно население на Република Северна Македонија, на 5 септември 2021 година изнесуваше 1 836 713 жители. Од нив, 50.4 % се жени, а 49.6 % се мажи.

 Според возрасната структура, најголем процент од населението 7 % – се во возрасната група од 40-44 години.

Куриозитет е што во Северна Македонија е попишанo 51 лицe на возраст над 100 години.

Loading...

Според изјаснувањето за етничка припадност, 58.44 % проценти од населението се изјасниле како Македонци,

24.30 % проценти како Албанци, 3.86 % како Турци, 2.53 % како Роми, 0.47 % како Власи, 1.30 % како Срби и 0.87 % како Бошњаци и др.

Според религиската припадност 46.14 % се изјасниле како православни, 32.17 % како муслимани (ислам), 0.37 % како католици, а во овој Попис се појавија и други религиски заедници кои ги немаше во претходните пописи, а тоа се: евангелско протестантски христијани, агностици, будисти и други.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 18-годишник од Куманово поради кражба

61.38 % од попишаното население се изјасниле дека мајчин јазик им е македонскиот, 24.34 % албански мајчин јазик, 3.41 % турски, 1.73 % ромски, 0.17 %, влашки, 0.61 % српски и 0.85 % босански јазик.

Бројот на домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови на домаќинствата изнесува 3.06.

Во рамките на Пописот 2021 беше овозможено македонските државјани кои живеат и престојуваат во странство повеќе од една година да се самопопишат преку веб-апликација која беше достапна на веб-страницата за Попис.

Оваа можност ја искористија 258 932 наши сонародници од кои 24.55 % се изјаснија како Македонци, 66.42 % како

Албанци, 4.78 % како Турци и др. Оваа категорија граѓани не влегува во вкупното резидентно население на Република Северна Македонија.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија (ФОТО)

Никола Ивановски