Стармер за (не)легитимноста на Зеленски: Исто беше и во Британија во Втората светска војна

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Кир Стармер изрази поддршка за украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на синоќешниот разговор со него, објави Ројтерс.

Loading...

„Премиерот разговараше со претседателот Зеленски оваа вечер и ја истакна потребата сите да работат заедно“, соопшти синоќа канцеларијата на Стармер, пренесе Ројтерс.

За време на разговорот, Стармер, наводно, изразил поддршка за Зеленски како демократски избран лидер на Украина и рече дека е сосема разумно да не се одржат избори во Украина за време на војната, наведувајќи ја истата практика во Велика Британија за време на Втората светска војна.

Тој ја повтори својата поддршка за работа кон постигнување траен мир во Украина, но оној што ќе ја „одврати Русија од каква било идна агресија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Економската неутралност, мирот и одбраната од надворешно влијание се клучни за Унгарија

Претходно вчера, американскиот претседател Доналд Трамп го нарече Зеленски „диктатор“ кој „не треба да одржува избори во својата земја“, наведувајќи дека Зеленски е многу слабо рангиран во украинските анкети и дека единственото нешто во што е добар е играњето со Џозеф Бајден.

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја опиша изјавата на Трамп како „лажна и опасна“.

Валц: Макрон и Стармер во Вашингтон следната недела

Советникот за национална безбедност на САД Мајк Волц изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер ќе го посетат Вашингтон следната недела.

Loading...

„Вложуваме напори од сите страни. Следниот чекор е техничките тимови да почнат да разговараат за дополнителни детали“, рече Валц во изјава за американски Фокс њуз, коментирајќи ги изгледите за постигнување мировен договор во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рубио: Трамп е многу лут на Зеленски