„Старлинк“ на Маск добива конкуренција: Кина планира да изгради огромна орбитална мрежа

Сподели со своите пријатели

Кинеската државна компанија „Shanghai Space Satellite Technologies“ ги лансираше првите 18 сателити со цел да создаде огромна орбитална мрежа како ривал на „Starlink“.

Loading...

Весникот „China Securities Journal“, кој го води агенцијата „Ксинхуа“, наведува дека првата ракета со сателити полетала од центарот за лансирање „Тајјуан“ во провинцијата Шанкси.

Сателитите се првиот чекор во напорите на компанијата да изгради мрежа од 15.000 сателити во ниската орбита на Земјата, која фирмата ја нарече „Соѕвездие на илјада едра“. Планирано е мрежата да биде завршена до 2030 година.

Домашните медиуми проектот го нарекуваат кинеска верзија на „Старлинк“, која моментално има 6.000 сателити. Илон Маск изјави дека планира мрежата на крајот да има 42.000 сателити.

Соѕвездието Thousand Sails, познато и како проект Г60, е една од трите главни сателитски мрежи што Кина планира да ги распореди.