Српска пропаганда или реалност: Србите навестуваат нов вооружен судир во Липково

Сподели со своите пријатели

Липковскиот крај во Македонија, според сознанијата на српскиот весник ”АЛО” е означен како место каде наскоро се подготвува нов судир на македонските безбедносни сили со албанските терористи, пишува весникот во минатонделното електронско издание.

Loading...

Како предупредува претседателот на одборот за безбедност на Република Србија, Милован Дрецун, овие криминалци се одлично наоружени и истовремено се припадници на Ослободителната национална армија (ОНА).

– Секако дека постои опасност, но за поширока дестабилизација на регионот е потребно зелено светло од големите албански стратези, односно, доколку некоја голема сила најде свој интерес во започнување на поголем конфликт, сигурно ќе заземе дел од истиот. Секогаш се можни и политички поединечни акции, со тоа што во липковскиот регион ретко навлегува македонска полиција и војска, а концентрацијата на екстремистите е голема.

Постојано доаѓа до прелевање од терористи и оружје, затоа што македонската граница со Косово, скоро и да не е воопшто обезбедена – додава Дрецун.

Тој објаснува дека за разлика од Липково и околината, југот на Србија е херметички затворен поради силното присуство на српските сили на безбедност.

– Најопасна во оваа ситуација е спрегата на организираниот криминал и мигрантите, меѓу кои има и безбедносно интересни лица. Не треба да се занемари асприацијата на исламските држави на Балканот. Тоа се нови предизвици поради кои безбедносните сили во регионот се доста внимателни – предупредува Дрецун.

Инаку минатата недела, српскиот весник „Ало!“ објави податоци од српските безбедносни служни кои укажуваат на опасност од нов вооружен конфликт во Липково, сличен на оној кој во мај се случи во населбата Тоде Мендол во Куманово.