Средношколскиот Пленум од денес повторно на улични протести

Сподели со своите пријатели

Со апел и повик за ново будење, Средношколскиот Пленум денес ќе организира средношколски марш, прв од ваков вид со почетокот на новата учебна година што ќе се одржи под мотото ”Борбата продолжува”.

Loading...

Збирното место е кај фонтана (Градски Парк), со почеток во 12:30 часот.

Направете нешто корисно за вас, за сите нас како целина, приклучете се на толпата од моќна младина по скопските улици, и кренете го гласот против лошите реформи, бидејќи не се работи за нешто на нас туѓо, апелираат од Средношколскиот Пленум на социјалната мрежа Фејсбук.

Од Пленумот ги повикуваат сите граѓани да им се приклучат на протестот и истовремено потенцираат дека станува збор за мирен марш на кој се забранува секакво насилно однесување, говор на омраза, истакнување партиски или религиозни симболи.

Како што додаваат од Средношколскиот пленум, вчера во неколку скопски училишта, на учениците им било кажувано дека утрешниот протест е одложен.