Срцето на Млечниот Пат: Телескопот „Џејмс Веб“ ни ја доближи галаксијата со нови фотографии

Сподели со своите пријатели

Најновата снимка снимена со вселенскиот телескоп Џејмс Веб покажува дел од центарот на нашата галаксија со невидени детали, вклучително и претходно непознати феномени кои астрономите допрва треба да ги објаснат.

Loading...

Регионот за формирање на ѕвезди познат како „Стрелец Ц“ се наоѓа на околу 300 светлосни години од масивната црна дупка во срцето на Млечниот Пат, позната како „Стрелец А“.

Овој регион, полн со ѕвезди и шарени маглини, беше фотографиран од инструментот NIRCam на телескопот Џејмс Веб, инфрацрвена камера со огромна резолуција.

„Никогаш досега не сме имале инфрацрвени податоци за тој дел од вселената со ниво на резолуција и чувствителност што ги добивме со „Веб“, така што за прв пат гледаме многу детали“, вели Семјуел Кроу, кој го предводи истражувачкиот тим.

Помеѓу 500.000 ѕвезди, како што се гледа на оваа слика, има и јато од протоѕвезди, небесни тела кои сè уште се во фаза на формирање и зголемување на масата, а кои зад себе оставаат сјај како факели на инфрацрвените слики.

Во срцето на тоа младо јато е претходно позната голема протоѕвезда 30 пати помасивна од нашето Сонце.

Инструментот забележал и голема емисија на јонизиран водород од темната маглина, која може да се види во долниот дел од сликата, а е прикажана во тиркизна боја.

Ова е обично резултат на високо-енергетски фотони емитирани од млади масивни ѕвезди, но областа е изненадувачки голема, што бара подлабоко истражување.

Loading...

Бидејќи центарот на Млечниот Пат е на околу 25.000 светлосни години од Земјата, доволно е блиску Џејмс Веб детално да го испита и астрономите да откријат повеќе за процесот на формирање на ѕвезди.

Примарниот огледален телескоп со дијаметар од 6,5 метри беше лансиран од Француска Гвајана на 25 декември 2021 година.

Биле потребни 30 години за да се дизајнира и изгради, а се смета за еден од најголемите научни потфати на 21 век.

Мисијата на „Џејмс Веб“ е да се надоврзе на откритијата на вселенскиот телескоп Хабл, кој по 31 година минати во орбитата е при крај.