Спречен шверц на таблети, кафе, чанти и парфеми на патот Крива Паланка – Куманово

Сподели со своите пријатели

Таблети, кафе, брендирани чанти и парфеми запленила полицијата и привела двајца патници од автобус кој сообраќал на патот Крива Паланка – Куманово.

Loading...

– На 24.07.2024 околу 03.50 часот на магистрален пат Крива Паланка – Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле автобус сопственост на компанија за превоз на патници од Косово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, при извршениот преглед на возилото и патниците, пронајдени се повеќе кутии со лекови со вкупно 5942 таблети, 100 пакувања со кафе, 36 чанти со натпис од заштитени брендови, 104 машки парфеми и други предмети за кои немало соодветна документација.

– Г.Ќ.(28) и Џ.М.(27), двајцата од Косово, се лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 Б и член 353 од Кривичниот законик, а увид извршила Единицата за економски криминал при СВР Куманово и по консултација со јавен обвинител автобусот со пронајдените предмети е одземен за понатамошна постапка, стои во соопштението.

Никола Ивановски