Специјалци рано утринава упадна во замокот на Ендру Тејт

Сподели со своите пријатели

Специјални полициски единици рано утринава извршија рација во вилата на Ендру Тејт во Букурешт.

Loading...

Како што соопшти полицијата, во средата наутро биле извршени четири претреси во областа Илфов и во Букурешт, во врска со истрагата за кривичните дела создавање организирана криминална група, трговија со малолетни лица, трговија со луѓе, сексуални односи со малолетно , влијание врз изјави и перење пари .

Извори блиски до истрагата велат дека на мета се браќата Ендру и Тристан Тејт.

„Денеска, 21.08.2024 година, обвинителите на Управата за истражување на организиран криминал и тероризам – заедно со полициски службеници на Службата за борба против организиран криминал Илфов, извршија четири наредби за претрес во куќа во населбата Илфов и општина Букурешт, во кривична постапка поврзана со сторени кривични дела, формирање на организирана криминална група, трговија со малолетни лица, трговија со луѓе, сексуален однос со малолетно лице, влијание врз изјави и перење пари“, соопшти полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД објавија продажба на борбени авиони Ф-35А на Романија

Да потсетиме дека Ендрју Тејт, влијателен инфлуенсер, кој го чека судењето во Романија под обвинение за трговија со луѓе и силување, го загуби правото на жалба против судската одлука што го спречува да патува надвор од таа земја.

Тејт беше обвинет во средината на 2023 година заедно со неговиот брат Тристан и две Романки под сомнение за трговија со луѓе, силување и формирање криминална банда за сексуална експлоатација на жени, што тие го негираа.