Центарот за слобода “ЦИВИЛ” неодамна спроведе интервју со Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, во рамки на проектот за интервјурање на четири министри во Владата на кои ќе им се постават прашања од доменот на нивната работа неколку пати пред изборите, а еднаш по завршувањето на изборниот процес.
Средби за разговор освен со Спасовски се побарани и од министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски, со министерот надворешни работи Никола Попоски како и со министерот за правда Аднан Јашари. Прв на поканата на ЦИВИЛ се одзва министерот Оливер Спасовски со кој редакцијата разговараше на 9 декември 2015 година.
Во десетминутното интервју, Спасовски зборува за предизвиците на безбедносната криза, департизацијата и на МВР, (не)постоењето на паралелните вооружени структури и контролата врз нив, плановите за создавање услови за слободни избори и враќањето на довербата на граѓанките и граѓаните во оваа инситуција во пресрет на изборите и по нив.