Започнува колонизацијата на Марс: Готова е најмноќната ракета во историјата (видео)

Сподели со своите пријатели

Тестирањето на најмоќната ракета во светот е завршено. „SpaceX“ планира да ја лансира својата моќна нова „Фалкон Хеви“ ракета веќе во ноември.

Новата ракета, која ќе биде најмоќна оперативна ракета на Земјата се смета за следен голем чекор кон испраќање луѓе на Марс.

Во твитот кој е објавен пред неколку дена, оваа приватна вселенска фирма објавила дека првата фаза на тестирањето на оваа ракета е завршена, што значи дека би требало се да оди според планот за предстојното лансирање.

Втора по ред само по неодамнешната дисконтинуирана „Saturn V“ ракета во поглед на капацитетот да подигне терет во орбитата, „Фалкон Хеви“ има способност за лансирање околу 63.500 килограми терет во вселената.

По „SpaceX“; ракетата ќе има способност да испраќа и околу 16.800 килограми товар и екипаж и на Марс.

Loading...