СОВРШЕНО: Во оваа кино наместо седишта, има кревети (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Колку пати сте помислиле дека би било убаво да легнете во кино додека гледате филм кој претходно со месеци сте го чекале да се појави на репертоарот? Во Швајцарија тие мисли се претворени во дело па е направанеа „Соба“, т.е. кино сала во која наместо класични седишта постојат кревети.

Loading...

Ова интересно место за љубителите на седмата уметност се наоѓа во Спреитебаху во близина на швајцарско-германската граница.

Моментално во понудата имаат 11 кревети со постелнина во сива и беж боја, а тука се и ноќни столчиња, софи, а ќе добиете и папучи.

Доколку платите 50 евра, колку што чини ВИП третманот, со билетот добивата храна и пијалак и не мора да чекате во редот. „Обичните“ билети чинат околу 20 евра.

Вработените велат дека посетителите не треба да се грижат за хигиената затоа што по секоја проекција се менува постелнината.

Парови со деца, своите мали можат да ги остават во сала во која се поставени лејзи бегови, тобоган и топчиња, а билетот по дете чини 15 евра.

Leave a Reply