Советот на Европа одлучи да ги укине визите за српските пасоши од Косово

Сподели со своите пријатели

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за укинување на визите за имателите на српски пасоши од Косово издадени од Координативната администрација на Србија, со што се заокружи законодавниот процес за ова прашање во ЕУ.

Loading...

Како што соопшти Советот на ЕУ, донесена е регулатива со која се обезбедува целиот регион на Западен Балкан да подлежи на истиот визен режим, со укинување на исклучувањето што претходно важеше за имателите на српски пасоши издадени од Директоратот за координација на Србија, пренесува Косов онлајн.

Со денешното усвојување на Советот завршува законодавниот процес.

Штом регулативата стапи во сила, што ќе се случи на 20-тиот ден од нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ, ќе почне да се применува во сите земји-членки на ЕУ.

Од декември 2009 година, имателите на српски биометриски пасоши се ослободени од барањата за виза кога патуваат во Шенген зоната.

Една категорија носители на српски пасоши потоа беше исклучена од ослободувањето од визниот режим, односно носители на пасоши издадени од Дирекцијата за координација на Србија во Белград.

На 16 ноември 2023 година, Комисијата објави предлог за отстранување на ова исклучување со измена на Регулативата (ЕУ) 2018/1806, дозволувајќи им на сите граѓани од регионот на Западен Балкан да имаат корист од безвизното патување во Шенген зоната.