СОУ „Перо Наков“ ќе набави дополнителен број на клупи и столчиња

Сподели со своите пријатели

Средното училиште „Перо Наков“ ќе набави дополнителен број на училишни клупи и столчиња, до крајот на годинава, а за следната година се планира поставување на лифт во двата објекта на училиштето доколку се обезбедат финансиски средства.

Loading...

Изминатиот период „Перо Наков“ доби нова енергетско-ефикасна фасада, беа набавени нови клупи истолчиња, поставени пристапни рампи за учениците со попреченост, со цел подобрување на условите за успешна реализација на воспитно- образовниот процес.

– Во тек е набавка за нов дел на училишни клупи и столчиња, набавени се нови принтери, ни остана дел од молерисување внатрешноста од училишната зграда во македонскиот и албанскиот објект, со цел да создадеме подобри услови за учениците. За оваа година согласно финансискиот план немаме предвидено лифт, но секако дека ќе работиме на изработка на проект и обезбедување на финансиски средства за лифт за следната календарска година и за двата објекта. Веќе ја завршивме фасадата на училиштето, заменети се сите прозорци во училниците, кабинетите, канцелариите, сите подови во споментите простории се заменети, санитариите во тоалетите се заменети со нови, холот на училиштетое реновирано, вратите и прозорците се тука сменети, направено е партерното уредување во училишниот двор, греење во спортските сали во македонските и албански паралелки е поставено, истовремено се вложуваше во компјутерска опрема, во набавка на паметни табли, заменети се дел од училишните клупи, столчиња, изјави Мила Жибак – Димковска, директор на СОУ „Перо Наков“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Позната излезноста во Куманово до 15 часот

Надлежните најавуваат и дополнителни вложувања во училишните објекти, со апел до граѓаните на Куманово совесно да се однесуваат кон сето она во што вложува училиштето. Неодамна беше оштетен дел од новопоставената ограда на „Перо Наков“.

– Дел од оградата од надворешен фактор претпоставуваме беше оштетен, веднаш по пријава од јавноста на социјалните медиуми истовремено беше санирана, истовремено беше контактиран и изведувачот бидејќи согласно договорот си имаме гарантен рок, истиот е повикан на лице место повторно да се прегледа оградата, така што тука сме отворени, транспарентни, доколку има некој проблем, не е проблем веднаш истиот да се санира.  Еден апел во име на сите вработени и ученици би ги замолила сите луѓе да внимаваат на сето она што е инвестирано во училиштето,  да се чуваат за да може да се одржува и условите за да можат да останат такви какви што се, изјави Жибак -Димковска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КУМАНОВО: Колку луѓе гласаа до 18:30 часот?

Во „Перо Наков“ претходно беше изградено ново мултиспорт игралиште, набавени беа 20 персонални компјутери за потребите на училиштето и 10 компјутери со софтвер за сметководство преку МОН, како и нагледни средства за кабинетска настава и спортски активности во училиштето.