„Сопственик сум на најмалиот пенис на светот! Жените се смеат кога ќе го видат…“

Сподели со своите пријатели

„Отидов на лекар пред неколку месеци бидејќи бев загрижен за големината на мојот пенис. Таму ме известија дека имам микропенис и ме испратија на уролог. Отсекогаш знаев дека имам мал пенис, но не знаев дека оваа состојба има свое име“, вели 36-годишниот Американец Мајкл Филипс, познат и како „човекот со најмал пенис на светот“, во интервју за Сан.

Loading...

Тој вели дека поради неговата состојба не може да се впушта во сексуални односи, и дека мора да седи на тоалет секогаш кога оди да уринира.

 

 

– Главната причина поради која отидов на лекар е тоа што мојот пенис е премал за секс. Се обидов неколку пати, но не успеа. После тоа изгубив интерес за „запознавање“ – вели Американецот, чиј пенис, како што вели, е „голем“, околу 2,5 сантиметри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е најреткиот пасош во целиот свет: Го поседуваат само околу 500 луѓе

Првата девојка со која планирал да биде интимен почнала да се смее кога го видела неговиот пенис.

 

Loading...

 

Долго време размислувал за операција за зголемување на пенисот, но не е сигурен дали вреди.

– Има операции, но можат да додадат 3-4 сантиметри. Но и со тој додаток сепак би имал микропенис. Сè уште размислувам за тоа, имам неколку лекарски прегледи пред да донесам конечна одлука – вели Мајкл, кој изразил желба неговиот пенис да биде запишан во Гинисовата книга на рекорди како најмал на светот.

– Се обидувам нешто негативно да го претворам во нешто позитивно – вели на крајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто Финците секоја година слават ден на неуспех? (ВИДЕО)