Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија, а жолтиот метео аларм за високи температури останува вклучен и денес.
Ќе дува умерен, во југозападните делови повремено засилен ветер од југозападен правец, кој во текот на ноќта ќе го смени правецот во северен. Индексот на ултравиолетовото зрачење ќе изнесува 6, а минималната температура ќе се движи од 8 до 13, додека максималната од 26 до 31 степен целзиусови.
Куманово и околината денеска ќе имаат сончево време со умерена облачност, но и со релативно висока дневна температура која ќе изнесува 30 степени целзиусови. Само за едно деноноќие истата драстично ќе се промени, па така утре не очекуваат 18 степени целзиусови.
Во среда под влијание на северно воздушно струење ќе има значително опаѓање на дневната температура за 7 до 10 степени. Ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 км/час, особено вдолж Повардарието. Потоа до крајот на неделата ќе биде стабилно и суво со дневни температури во рамките на просекот за овој период од годината.
Loading...