Општинскиот Одбор на Сојуз на борци – Куманово одржа прес конференција за јавноста на која секретарот Благе Јакимовски информираше за сите активности спроведени досега, како и за идните планови при што беше најавено и одбележувањето на денот кога е формирана Третата Македонска Ударна бригада.
Имено, како што соопшти Јакимовски, на 26 февруари, Одборот ќе го посети некогашното училиште во с. Жегљане, каде е формирана Трета МУБ.
Loading...