Собир за поддршка на Александар Вучиќ утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Здружението „Мир, слога, стабилност“ за утре во Куманово организира собир за поддршка на српскиот претседател Алексадар Вучиќ.

Собирот ќе започне на градскиот плоштад во Куманово во 11 часот, по што околу еден час подоцна поддржувачите на Вучиќ ќе пристигнат пред српскиот конзулат на кружниот тек на булеварот „Трета МУБ“.

Слоганот на собирот во Куманово е „Србија победува“, што е доста слично на слоганот „Студентите победуваат“ под кој студентите исто така утре во Белград организираат студентски митинг.

 

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска неколку локации во Куманово