Со повеќе настани СВР Куманово го одбележа Денот на полицијата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

По повод 7 Мај – Ден на полицијата, изминатиот викенд, како и целата недела, полициски службеници од Отсекот за превенција реализираа повеќе активности.

Loading...

Во сабота беше одржан турнир во одбојка во женска конкуренција помеѓу екипи од основните училишта од општина Куманово, а во соработка со Општински сојуз на училишни спортови Куманово, во рамки на превентивната кампања од насилство во спортот и едуцирање на младите за примерно однесување на спортски натпревари.

 

 

По завршување на турнирот на најдобро пласираните екипи им беа доделени дипломи.

Додека, во недела во Здружението на армиско полициски ветерани беше одигран шаховски турнир помеѓу екипи од Здружението на армиско полициски ветерани, Здружение на пензионери, Шаховски клуб Куманово, СВР Куманово и претставници од Сектор за образование.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

 

Loading...

 

По завршувањето на турнирот на учесниците им биле поделени благодарници.

Интегрално соопштение