Многу важен триумф запишаа кошаркарите на МКК Куманово викендов, и тоа на гостински терен, во салата „Шабан Трстена“ каде беа подобри од Чаир 2030, кој на три кола пред крајот ги однесе на недостижна предност во однос на конкуренцијата во Плеј-аут сегментот.
Кошаркарите на МКК Куманово дојдоа до особено важен триумф на гостувањето во Чаир, за нив 12. во сезоната, со кој и практично го обезбедија опстанокот во суперлигашката конкуренција.
На табелата го стигнаа својот вечерашен ривал (двете екипи се со ефект 12-12), кои се веќе недостижни за екипите на Феникс 2010, Гостивар и Ангели пред одигрувањето на последните три суперлигашки рунди од Плеј-аут фазата.
Одлично одработено прво полувреме имаа кумановци во салата „Шабан Трстена“.
Или 20.минути во кои обезбедија убедливо водство (47:29), кое не го испуштија во второто.
А Ѓуроски беше првото поентерско име во гостинската екипа. Реализираше репрезентативното крило на „сино-белите“ 27.поени (дополнети со шест асистенции и три скока). Моменти на добра игра во нападот имаа и Радукиќ, кој финишираше со 16.поени (и седум асистенции), но и Стевановиќ со 15.поени (седум додавања и пет скока), Луковиќ, кој додаде по 14.поени и 10.скока, како и Митевски кој оваа средба ја заврши со 12.поени (и четири скока).
Во екипата на Чаир 2030, нов двоен учинок на Билингсли, изразен со реализација на 26.поени и 10.скока. По 14.поени запишаа Четмен и Тачи (додаде и 13.асистенции), додека Реџа придодаде уште 12.поени (девет скока и пет асистенции).

