Со пари од амбасадата на Чешката Република учениците од основното училиште „Вера Которка“ во село Клечовце ќе добијат нови тоалети.
Ова денеска го најави градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитеивски по протоколарната средба со амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан.
На средбата се разговарало на повеќе теми за продлабочување на соработката помеѓу Република Чешка и локалната самоуправа.
– Нашата соработка со оваа амбасада е на највисоко ниво. Разговаравме на повеќе теми, од кои едната беше конкретно реализација на проектот кој што ќе се одвива во Основното училиште во село Клечовце, каде чешката амбасада ќе донира тоалети во самото училиште, а воедно ќе ја искористиме оваа посета заеднички да ја посетиме поранешната Спортска сала „Соколана“ бидејќи добив информација од самиот амбасадор дека движењето Соколи води потекло токму од неговата држава и се заинтересирани да го видат овој објект, рече Димитриевски.
Loading...
Димитриевски изрази надеж дека во иднина ќе се изнајдат решенија и идеи за дополнителни проекти.
– Ова е мојата прва посета на Куманово, овде сум само четири месеци во Македонија. Ја избравме Општина Куманово, како најголема општина за наша прва официјална посета и моја прва официјална посета како дипломат, како и поради тоа што досега имаме остварено голема соработка со општината и се надевам дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму, рече амбасадорот Томан.
Амбасадорот Томан изразил целосна поддршка на локалната самоуправа во напорите објектот Соколана да се врати во живот и употреба за граѓаните на Куманово.