СО НЕДЕЛИ БИЛА ВО КОМА: Бев заклучена во своето тело, слушав се, но бев како мртва (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Колин Кели Александер (42) пред седум години доживеала тешка сообраќајна несреќа, по која лекарите едвај и го спасиле животот. Колин ја удрил камион додека со велосипед се враќала од работа. Коските на нозете и биле здробени, имала внатрешни крварења и тешки повреди на главата.

Во само 48 часа по несреќата два пати доживеала клиничка смрт, а потоа лекарите донеле одлука да ја воведат во индуцирама кома на пет недели. Во тој период, Колин ја оперирале 29 пати, пишува Индепендент.

 

Loading...

По болното опоравување, Колин во книгата опишала стравични детали од својата несреќа и како изгледал нејзиниот живот во кома. Иако многумина веруваат дека, кога лекарите ќе предизвикаат кома, ништо не се слуша и чувствува, Колин тврди поинаку и вели дека знаела за се што се случува околу неа.

Вели дека слушала звуци, гласови и дека можела да доживее емоции. Во неделите по несреќата, вели дека се чувствувала како заклучена во сопственото тело и дека преживувала вистински кошмар.

Се присетува како можела да почуствува присност кога нејзините родители и сопругот Шин влегуваат во болничката соба. Мисли дека дури успеала да ги отвори очите и да ги види, но не можела да ги препознае, поради лековите се и било заматено.

 

 

Колин во книгата опишува како била во состојба на длабок сон, но дека имала многу живи кошмари како некој брутално ја силува. Подоцна дознала дека такви кошмари имала кога медицинскиот персонал и ги превиткувал и чистел раните.

По неколку недели минати во кома, Колин се разбудила, но не била свесна за ништо околу себе. Се сеќавала на несреќата, но верувала дека од сообрќајката поминале само неколку часа.

По силните операции следувало повеќемесечно заздравување, а дури по неколку години, Колин повторно е онаа старата. Сега трча маратон.

Leave a Reply