Со кого изневеруваат мажите, а со кого и зошто жените?

Сподели со своите пријатели

Како мажите наоѓаат „друга жена“?

Loading...

Жените секогаш претпоставуваат дека таа е помлада, попаметна и поубава. Тие замислуваат дека е полесно со неа затоа што таа се смее на неговата шега и ги гледа само нејзините позитивни страни. Луѓето имаат различни причини за својата прељуба, а еден од најинтересните аспекти на неверството е изборот на личноста со која се врши истата.

ХИТ СНИМКА: Го фатила во прељуба па тврдел дека тоа е секс кукла (видео)

Иако генерално се претпоставува дека прељубата се случува спонтано затоа што прељубникот го освоила другата личност или премногу испиле, истражувањата покажуваат дека тоа не е случај.

Порталот Your Tango и веб-страницата Ешли Медисон кои бараат партнери на прељубници, спроведоа истражување за да дознаат што мислат луѓето за аферата. Во студијата учествувале 1.300 мажи и жени.

Другата жена најчесто се замислува како мистериозна заводничка која го заведува мажот во еден момент. Студијата открила дека ова не може да биде далеку од вистината, затоа што втората жена најчесто е некој што тој и неговата партнерка веќе го познаваат.

Пазете се од жените кои го прават ова: Ним неверството им е во крвта!

99 проценти од мажите се подготвени за прељуба

Loading...

Од 400 мажи кои учествувале во истражувањето, 27 проценти признале дека бараат утеха од долгогодишниот пријател. Помалку од 23 проценти од машките учесници би барале партнер за прељуба во ноќен клуб или на патот.

Истражувањата исто така покажаа дека жените не мора премногу да се плашат дека мажот ќе ги изневерува додека е излезен со другарите.

Сепак, нема причина за тотален мир, дури 44% од анкетираните мажи ја изневериле партнерката, а други 55% признале дека размислуваат за тоа. Тоа е 99 проценти за оние што се послаби во математиката.

Кога мажите најмногу изневеруваат?

Со кого изневеруваат?

Со колешките, нивните пријатели, вашите пријатели… Овие жени добро ги познаваат, а на состанокот со нови луѓе им треба напор и енергија, така што е полесно.

Што значи ова за жените?

Покрај тоа што се свесни дека прељубата започнува со бавно развивање чувства сè додека едната страна не го направи првиот чекор, тие треба да знаат дека не само слободните жени се „конкуренција“.

Loading...

Хороскопски знаци кои сигурно ќе ви го скршат срцето

Поточно, истражувањето открило дека 39% од жените го изнвериле својот партнер и други 35% размислувале за тоа. Вкупно 74 проценти.

Зошто жените се впуштаат во прељуба?

Според резултатите од истражувањето, 43 проценти барале само физичко задоволство, незадоволни од сексот во нивните врски.

Дури 49 проценти од жените велат дека со службениот партнер „понекогаш или ретко“ доживува оргазми, додека со мажите со кои извршуваат прељуба 59 проценти од нив „секогаш или поголемиот дел од времето“ доживуваат оргазам.

Работи кои никогаш нема да ги промените кај вашиот партнер

Жените кои бараат партнер за прељуба на страната Ешли Медисон велат дека сексот со својот сопруг е досаден, а нивните сопрузи дури и не се мачат во спалната соба. Со текот на времето, тие почнуваат да размислуваат за прељуба.

Истражувањето открило дека 28 проценти од жените имале афера со пријател или личност што ја познавале пред аферата.

Loading...

Причината зошто неверствата започнуваат и натаму на „традиционалните“ начини наместо преку апликации за запознавање е фактот дека партнерите што ги среќавате на апликациите може да доживеат осуда.

Дали неверството ја јакне врската?

Страницата Ешли Медисон го нема тоа, затоа што и онака сите таму бараат прељуба.

Leave a Reply