Центарот за интеркултурен дијалог „Мулти Култи“ од сега ќе работи во нови простории кои ќе овозможат подобар простор за интеркултурно учење на младите.
Loading...
Во рамки на отварањето, МultiКулти ќе се вклучи во прославувањето на „Global Bubble Day“ или Меѓународниот ден на водени меури, кој има за цел да шири позитивна енергија и да ги направи луѓето среќни. Оваа парада ќе се случи во 70 градови насекаде во светот, а МultiКулти стана дел од официјалната светска организациска група.
Самиот настан е предвиден да трае два часа, од 12:00 до 14:00 часот, на 29 мај – Светскиот Bubble Day.
За време на настанот ќе биде презентиран новиот изглед на Мулти Култи со реновираните простории, ќе се промовираат идните проекти и работилници на центарот во рамките на проектот МultiКулти Local Youth Service поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), и преку многу интерактивни активности младите ќе можат да се запознаат со нашиот начин на работа и вредностите кои ги шириме – велат од Центарот за меѓукултурен дијалог.
Loading...
Во последниве два месеци, како дел од овој проект средношколците од сите средни училишта во Куманово имаат можност да присуствуваат на работилници на теми: театар, фотографија, интерес и кариера и уметност од рециклирачки материјали. Сите работилници се двојазични (на македонски и албански ) и го користат методите на неформалното образование.